„Луфтханза“: Нема безбедносни мерки кои можеа да ја спречат трагедијава

Директорот на „Луфтханза“, Карстен Шпор, изјави дека ни во најлошите соништа не можеле да замислат дека таква трагедија ќе се случи во нивната компанија. Тој додаде дека нема никакви индикации што би можел да биде мотивот на копилотот за намерно да го урне авионот со 150 патници.

– Нашиот персонал го избираме многу, многу внимателно. Без разлика на безбедносните прописи, без разлика колку високо ќе ја поставите границата, ваква трагедија едноставно не можете да спречите – рече Шпор.

Директорот додаде дека Андреас Лубиц ги минал сите можни тестови и оти бил 100 проценти подготвен да биде пилот.