СДСМ обвинува дека состојбите со сточарите се излезени од контрола

Сега, кога на Никола Груевски и на групата околу него им гори под нозете, одеднаш излезе дека многу работи можеле и поинаку, па им затребаа и сточарите, рече Татјана Прентовиќ од СДСМ на прес-конференција.

Таа рече дека луѓето кои се оставени без субвенции за млеко и за откупено јагне, додека мака мачат со планирањето на производството, министерот Михаил Цветков пред некој ден им вети дека субвенциите ќе им ги исплатат во април.

– Нема развојни политики, па затоа нема ни резултати во сточарството. Поволните кредити и субвенционирањето по овца што задоцнето се предлагаат како мерки, се предлози преземени од програмата на СДСМ. Со еден збор, состојбите се излезени од контрола. Не се решаваат плански и навремено, туку според потребите и партиските интереси на власта. Жртва во овие игри се и сточарите – изјави Прентовиќ.