Протест за солидарност со Палестина во сабота пред влада

Организаторите велат дека поддржуваат итен прекин на нападот на Израел над Газа и операциите во Западниот Брег

Фото: Joi Ito, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Социјалниот центар „Дуња“ најави дека во сабота, 18 ноември, ќе се одржи протест пред Владата во Скопје за солидарност со палестинскиот народ, како реакција на нападот на Израел врз Газа по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври.

Протестот ќе започне во 11:55 часот.

Организаторите велат дека поддржуваат итен прекин на нападот на Израел над Газа и операциите во Западниот Брег.

Дополнително, тие ја осудуваат одлуката на Северна Македонија да гласа воздржано на резолуцијата на Обединетите нации за хуманитарно примирје во Појасот Газа, која беше изгласана на 27 октомври.

„Протестираме и бараме крај на окупацијата, ослободување на сите политички затвореници, враќање на бегалците во нивните домови, и постигнување на долготрајно решение за траен мир врз принципите на еднаквост, правичност и взаемно почитување“, велат од Социјалниот центар „Дуња“.