Водовод и канализација денеска ги проверува шахтите и ја чисти атмосферската канализација

Фото: ЈП Водовод и канализација

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје соопшти дека од утрово биле повторно на терен, вршат проверка и чистење на шахтите и сливниците, дел од атмосферската канализација по големото и силно невреме кое го зафати скопскиот регион вчера.

Оттаму велат дека интервенирале на сите улици во градот и на критичните места:

  • бул. Гоце Делчев кај Мавровка и кај МРТВ,
  • подвозникот кај Стоковна куќа Мост,
  • бул. Никола Карев,
  • ул. Востаничка,
  • ул. Димо Хаџи Димов,
  • ул. Павел Шатев,
  • ул. Методија Андонов Ченто,
  • кај подвозникот кај хотел Александар Палас,
  • бул. АСНОМ,
  • ул. Ѓорче Петров,
  • ул. Народни Херои,
  • бул. Јане Сандански,
  • ул. Финска,
  • ул. Мариовска,
  • ул. 14 Декември,
  • Христо Татарчев,
  • бул. Киро Глигоров кај Бриколаж,
  • ул. Павел Шатев,
  • бул. Кочо Рацин,
  • бул. Александар Македонски,
  • клучката кај хотел Континентал,
  • бул. Филип Втори Македонски,
  • бул. 8ми Септември,
  • ул. Бутелска,
  • ул. Џон Кенеди,
  • ул. Цветан Димов,
  • бул. Србија,
  • бул. 3-та Македонска Бригада,
  • ул. Јордан Мијалков, во Припор итн.

„Во моментов состојбата е нормализирана, но со цел превенирање на такви и слични ситуации, како и овозможување на непрекината функционалност на атмосферската канализација, екипите на претпријатието, остануваат на терен, на целата територија на град Скопје“, велат од ЈП Водовод и канализација.