Македонско воено лице суспектно на јужноафриканскиот сој, од Африка вечерва ќе биде префрлено во Скопје

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја потврди информацијата дека доцна вечерва македонско воено лице, потполковник на Армијата на РСМ којшто учествува во Европската мисија во Централноафриканската Република, ќе биде донесен на лекување од оваа африканска земја на Инфективната клиника во Скопје.

Станува збор за воено лице кое минатата недела било тестирано на ковид-19, и по препораки на медицинските експерти од мисијата, тој со медицинска евакуација во соработка со европските служби за надворешни односи, ќе биде префрлен на лекување во Скопје.

Потполковникот е суспектен на јужноафриканскиот сој на корона вирусот, којшто пак во земјава досега не е забележан, но искуствата од останатите земји покажуваат дека се шири побрзо и полесно од другите соеви.