Судењето за „Тортура“ одложено поради отсуство на Мијалков

Судењето за „Тортура“ денеска беше одложено за 7 мај поради отсуство на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој е обвинет во предметот на СЈО. Судот, како што беше посочено, не добил доказ за уредна достава на поканата за Мијалков за денешното рочиште.

Адвокатот Љупчо Шврговски рече дека Мијалков имал друга адреса на која ќе му се достави поканата за судското рочиште. Додаде дека не ја знае точната адреса, но како што посочи, живее под Панорама на Водно

Обвинителите од СЈО побараа поканите да му се доставуваат во четврток, кога Мијалков се пријавува во Кривичниот суд.

СЈО ги товари Мијалков и шестмина полицајци за кривичното дело мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, а се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски еден ден по предвремените парламентарни избори во 2011 година пред ресторанот „Воденица“ во Скопје.