Струјата полека се враќа

По снежното невреме и силниот ветер во изминатите два дена, кои предизвикаа дефекти во дистрибутивната мрежа, се стабилизира проблемот со струјата во земјава.

Ситуацијата со снабдувањето со електрична енергија, особено во охридско-струшкиот регион, кој најмногу беше на удар од снежното невреме, е нормализиранa.

Според динамиката на работа, најавено е дека во текот на денешниот ден до 14 часот ќе биде нормализирано снабдувањето во Вевчани, Октиси, Лабуништа, Подгорец и во Боровец.

Од ЕВН апелираат граѓаните да не ги вклучуваат оддеднаш сите електрични уреди кога повторно ќе бидат приклучени на напојување, туку тоа да го прават постепено, за да не се преоптовари електро-дистрибутивната мрежа.