Врнежи од дожд попладне, на планините снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно, попладне со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со снег. Во ноќните часови врнежите ќе престанат.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а кон крајот на денот од северозападен правец. Дневната температура ќе се движи од 3 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време, претежно облачно, попладне со повремени врнежи од дожд. Во ноќните часови врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утре се очекуваат повеќе врнежи попладне, особено во западните делови. Поради нагло заладување проследено со засилен северен ветер, кон крајот на денот во недела врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките места, а во текот на ноќта провејување на снег е можно понекаде и во пониските делови на крајниот север и на крајниот исток од земјава.