Уапсените за нападот врз Села што беа препознаени од граѓани, добија 30 дена притвор

Судија на претходна постапка определил 30-дневен притвор за тројцата осомничени за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27 април годинава, откако тие беа препознаени со помош на граѓани по објавување на нивните фотографии.

Притвор во траење од 30 дена беше определен и за петтото лице што беше претходно лишено од слобода за истиот настан и за кое одлуката на Судот беше одложена поради влошена здравствена состојба на осомничениот.

Вчера 30-дневен притвор добија и другите четворица уапсени за обидот за убиство на Села за време на насилствата во Собранието од 27 април годинава.