Влада: ДИК го добива деловниот простор во кој е сместена на трајно користење

Владата на денешната седница одлучи на Државната изборна комисија да ѝ ги даде на трајно користење просториите во кои во моментов е сместена.

„Владата денеска донесе одлука со која деловниот простор во кој сега е сместена Државната изборна комисија се дава на трајно користење на ДИК, без надоместок, а примопредавањето на деловниот простор од оваа одлука ќе се изврши помеѓу Министерството за финансии и Државната изборна комисија, во рок од осум дена од денот на стапување на сила на оваа одлука“, стои во соопштението.

Како што соопшти владината прес-служба, оваа одлука на Владата е во согласност со акциите од планот „3-6-9“, според кои е предвидено создавање подобри услови за непречено и функционално работење на Државната изборна комисија.