Цената на златото се приближи до највисокото ниво за годинава, откако Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонија.
Овој настан ги поттикна инвеститорите на сигурно инвестирање, поради зголемување на тензиите помеѓу Пјонгјанг и САД и сојузниците.
Цената на златото оваа година се зголеми за 15 проценти, остварувајќи пораст секој месец.