Столтенберг имал сообраќајка во Варшава

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ноќеска доживеал сообраќајна несреќа во Варшава, но не е повреден.

Според информациите на „ТВН 24“, несреќата се случила кога полициското возило кое ја предводело колоната на Столтенберг, удрило во камион.

Четворица се повредени и пренесени во болница, а според информациите на странските медиуми, Столтенберг не е меѓу нив.

Според очевидци на несреќата, повредени се луѓе од придружбата на генералниот секретар на НАТО и пешаци, а кај три возила кои учествувале во несреќата била предизвикана голема материјална штета.

Столтенберг допатувал во Полска за да го посети баталјонот на Северноатлантската алијанса, кој е под американска команда.