Ирачките сили и меѓународната коалиција почнаа офанзива на Мосул

Ирачката војска со поддршка од авијацијата на меѓународната коалиција ја почнала долго очекуваната офанзива за преземање на градот Мосул, кој го држат џихадистите на Исламска држава.

Ирачките сили утринава зазеле неколку села во околината на градот Махмур, источно од Мосул, соопшти портпаролот на здружените сили, Јахја Расул.

Тој рече дека меѓународната коалиција предводена од САД ѝ дава воздушна поддршка на ирачката војска, но не сакаше да открие повеќе детали. Мосул е втор по големина град во Ирак. Џихадистите на Исламска држава ја презедоа контролата во јуни 2014 година и прогласија калифат.