Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид со музички настан го одбележа претстојниот 8 Март

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид попладнево пред Центарот за култура „Григор Прличев“ го одбележаа претстојниот меѓународен ден на жената 8 Март со културно-уметничка програма на која настапија КУД „Ѓердан“ и познатиот естраден уметник Петар Нечоски.

Како што истакнаа од унијата, целта е на скромен и на достоинствен начин да се одбележи 8 Март и да им се честита празникот на жените.