Хрватска вратила 217 бегалци во Србија

Хрватска вратила 217 бегалци во Србија, потврди денеска портпаролката на УНХЦР, Мирјана Миленковиќ, додавајќи дека бегалците синоќа со воз се вратени и се сместени во Шид.

– Претежно се вратени авганистански семејства со деца, Ирачани и мал број Сиријци – рече Миленковиќ.

Бегалците се згрижени, а лицата што работат во прифатниот центар во Шид им објасниле каква е процедурата за азил во Србија.

– Се обидуваме да дознаеме зошто се вратени. Вратени се од Словенија во Хрватска, а од Хрватска во Србија и уште не е сосема јасно зошто – рече Миленковиќ.