ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање Собранието да се распушти на 24 февруари

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднеле и предлог-одлука на 24 февруари да се распушти Собранието.

Во предлог-одлуката се бара „со оглед на исклучителната важност на ова прашање, одлуката да се донесе на првата наредна седница на Собранието“.

Денеска Собранието ненадејно одлучи да свика седница на која на дневен ред се поставени три закони, но неофицијално се очекува на седницата да се констатира и оставката на премиерот Никола Груевски.

12552578_10153921712742899_8673704200249773140_n