Обвинение против поранешниот претседател на Уставниот суд на Косово

Специјалното обвинителство на Косово подигна обвинение против поранешниот претседател на косовскиот Уставен суд, Енвер Хасани, поради фалсификување службени документи и злоупотреба на службената должност.

Хасани во „својство на службено лице – претседател на Уставниот суд на Република Косово, ја злоупотребил должноста при одлучувањето по барањето на претседателката на Косово во врска со нејзиниот декрет за именување, односно продолжување на мандатот на тројца меѓународни судии на Уставниот суд“, се наведува во соопштениетона обвинителството.

Специјалното обвинителство, исто така, соопшти дека поради недостиг од докази ја прекинало истрагата против Арта Рама-Хајризи, актуелна претседателка на Уставниот суд, осомничена за фалсификување официјален документ.