Времето денеска сончево и суво

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Температурата ќе се движи од 11 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, слаб до умерен ветер од променлив правец и со температурата до 16 Целзиусови степени.

Подрачјето на Македонија и понатаму останува во поле на зголемен воздушен притисок, така што во текот на новата роботна недела ќе преовладува сончево време, со мала до умерена облачност. По одделни котлини и речни долини ќе има и услови за појава на слаба утринска магла, особено во вторник.