Ирак: Војската ги протерала милитантите од Беиџи

Ирачките безбедносни сили ги протерале милитантите на Исламска држава од градот Беиџи, во кој се наоѓа најголемата нафтена рафинерија во Ирак, јавуваат странските медиуми.

Портпаролот на генералштабот на ирачката војска, бригадниот генерал Јахија Расол, ја потврди информација.

Милитантите го освоија Беиџи за време на офанзивата во јуни 2014 година.