Специјалната обвинителка Јанева ги достави работниот, персоналниот и финансовиот план

Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, до Советот на јавни обвинители, Владата на Република Македонија и до Собранието, денеска достави општ работен, персонален и финансов план.

„Плановите до Собранието се доставени за известување, додека до Владата и до Советот на јавните обвинители се доставени за имплементација. Како што веќе беше споменато, изразувам очекување Советот за јавни обвинители да ги имплементира плановите и да ги избере јавните обвинители предложени од моја страна. Во однос на содржината, плановите се направени врз основа на анализа на досега достапните податоци за предметите, очекувањата за прилив на нови предмети, како и на реалните потреби за обезбедување независност и автономност во работењето на Специјалното јавно обвинителство“, се вели во соопштението од кабинетот на специјалниот обвинител, Катица Јанева.