Во тек голема полициска акција во Скопје и Куманово

Министерството за внатрешни работи (МВР) од утрово спроведува голема полициска акција на територијата на Скопје и на Куманово.

Информацијата за „Мета“ ја потврди помошникот министер за внатрешни работи, Иво Котевски, кој вели дека акцијата е во тек.

Котевски најави повеќе информации за акцијата во текот на денот.

Првично, од МВР за „Мета“ информираат дека станува збор за разбивање организирана криминална група, осомничена за повеќе кривични дела.