Сончево време со температура до 35 степени

Денеска во Македонија времето ќе биде сончево, а во попладневните часови, во северните делови од земјата ќе има мала до умерена облачност и услови за појава на слаб и краткотраен дожд, особено во планинските предели.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Утринската температура се движи околу 18 Целзиусови степени, а највисоката дневна се очекува да достигне до 35 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево, со засилен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе изнесува 33 Целзиусови степени.