Меѓународна научна конференција за безбедност во Охрид

Утре во Охрид почнува со работа Меѓународната научна конференција за безбедност, во организација на Факултетот за безбедност од Скопје.

На конференцијата ќе учествуваат повеќе од стотина професори и научни работници од Италија, Руската Федерација, Унгарија, Португалија, Чешка, Украина, Шведска, Бугарија, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија, Црна Гора, Република Српска, Босна и Херцеговина и од Република Македонија.

На Конференцијата ќе бидат презентирани предавања и презентации кои се очекува да ја опфатат безбедноста како предмет на истражување, безбедносната соработка и да отворат актуелни теми и проблеми од безбедноста и дефинирање на пристапите, концептите и политиките за безбедност во иднина.