Јанушев го повика Груевски да се врати и да ја одлежи казната затвор

Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев во дуел со министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на телевизија „24“ јавно го повика Никола Груевски да се врати и да ја одлежи казната.

На инистирањето на Манчевски да каже дали во ВМРО-ДПМНЕ се залагаат Груевски да се врати и да ја одлежи казната Јанушев речe „да, еве јавно го повикуваме“.

Груевски е азилант во Унгарија и е осуден на казна затвор од две години за влијание за купување на мерцедесот на МВР, од 600.000 евра кога министерка за внатрешни работи беше Гордана Јанкулоска.