Засадени дрва на скопскиот булевар Никола Карев

Екипи на Град Скопје го исчистија просторот и засадија вегетација на јавната зелена површина на булеварот Никола Карев, на потегот од касарната „Илинден“ до семафорите кај Момин поток.

Како што се наведува во соопштението, од просторот, кој бил дива депонија, биле отранети повеќе од 100 кубни метри смет и шут, а сега е уреден и на него се засадени вкупно 220 зимзелени садници од видот туи (juniperus comunis), односно е формиран дрворед од туи.

За хортикултурно уредување на просторот, Градот Скопје од буџетот издвои 329.072 денари, а на терен работеа екипи на ЈП „Паркови и зеленило“.