Заев во Чаир побара поддршка за градоначалничкиот кандидат на ДУИ

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, денеска пред граѓаните во населбата Топаанско Поле побара поддршка од граѓаните за Висар Ганиу, кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир, а на граѓаните им порача дека СДСМ стои зад секој проект на Ганиу, бидејќи сите проекти се за подобар живот.

Претходно Заев, Ганиу и новиот скопски градоначалник Петре Шилегов беа во населбата Тенеќе Маало, каде беше кажано дека тука ќе се гради новиот универзитет „Мајка Тереза“, за што веќе се одобрени пари од Буџетот на државата за 2018 година.

Со тоа Заев ја почна интензивната кампања на неговата партија да се помогне на коалициската ДУИ, чии шанси во претежно албанските општини во вториот круг на локалните избори се драстично намалени, откако БЕСА и Алијанса на Албанците објавија дека формираат предизборна коалиција.