Заев: Гасоводот се гради на три делници, проектите и документациите се готови

Премиерот Зоран Заев денеска на пратенички прашања во Собранието рече дека најголем дел од нереализираните проекти се во делот на железницата и на гасификацијата. Но, како што објасни, за голем дел од овие планирани инвестиции проектите се готови, подготвена е тендерска документација и очекува раздвижување на работите кон крајот на годината.

– Стопирањето на гасификацијата на Водно е најголемиот проблем за реализација на капиталните инвестиции во гасификацијата, што по пат на дијалог за важноста за животната средина го разговаравме со месеци, за да имаме инклузивен процес. И се гради. Се гради на три делници од оваа голема делница што води кон Скопје, Гостивар и Тетово, а паралелено и на втората што води кон Прилеп и Битола. На крајот на годината стигнуваат завршните изведби и очекуваме врз основа на тоа, тој процент на капиталните инвестиции да порасне – додаде Заев.