Вучиќ во посета на Русија, ќе се сретне со Путин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е во посета на Русија каде што ќе се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин а ќе присуствува и на воената парада по повод Денот на победата над фашизмот, 9 мај.

Дводневната посета е на покана на рускиот претседател Владимир Путин, а Вучиќ ќе биде првиот странски државник кој ќе се сретне со Путин на почетокот на неговиот четврт мандат како претседател.

На воената парада, покрај Вучиќ од странските државници ќе присуствува само израелскиот премиер Бенјамин Нетјанаху.