Вторник е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците, 21 август 2018 година (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Курбан Бајрам.