Времето денеска сончево со температура до 23 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Дневната температура ќе се движи од 17 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде слично, со највисока дневна температура од 22 Целзиусови степени.

Продолжува периодот на стабилно и суво време, освен в четврток, кога во западните делови ќе има локален слаб дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.