Воздухот во Скопје вечерва е екстремно загаден

Воздухот во Скопје вечерва е загаден 10 пати повеќе од дозволеното ниво, до 50 микгрограми на метар кубен ПМ-10 честички.

Во Општина Карпош, се измерени 427 микгрограми на метар кубен ПМ-10 честички, во Лисиче 484 микгрограми на метар кубен ПМ-10 честички, во Центар 426 микгрограми на метар кубен ПМ-10 честички, кај Ректорат 569 микгрограми на метар кубен ПМ-10 честички.

Граѓаните, на социјалните мрежи, повторно апелираа до надлежните институции и до властите да преземат конкретни мерки за да се реши проблемот со загадениот воздух, бидејќи чувствуваат последици по нивното здравје.