Викендов и следната седмица, прскање против комарци во Скопје

Викендов и во текот на следната седмица, во Скопје ќе се врши прскање од авион и од тло против возрасни форми на комарци, известува Град Скопје, предупредувајќи ги пчеларите навреме да ги заштитат пчелните семејства.

Авионската дезинсекција ќе се одвива и в сабота и в недела, во раните утрински часови.

Дезинсекцијата со возила ќе се врши не само во текот на викендот, туку и во работните денови, сè до следниот четврток. Тоа прскање ќе се врши во периодот од 23 до 4 часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.