Уште еден отказ во администрацијата на Трамп

Високиот претставник на американскиот Совет за национална безбедност, Езра Коен-Ватник, е последниот во низата претставници на администрацијата на Доналд Трамп што доби отказ.

Белата куќа соопшти дека советникот за национална безбедност на американскиот претседател Херберт Мекмастер „ја цени добрата работа која е постигната на одделот за разузнавачки работи, под раководство на Езра Коен“. Како што се наведува, Мекмастер утврдил дека во моментов е потребен поинаков спектар на искуство за спроведување на понатамошната работа.

Во САД вчера беше потврден изборот на Кристофер Вреј за нов шеф на ФБИ, откако од функцијата ненадејно беше сменет Џејмс Коми поради улогата во истрагата за наводното руско мешање во претседателските избори во САД.