Уапсени 20 осомничени припадници на ИД во Турција

Дваесет лица утринава се приведени во Адана поради сомневање дека се членови на Исламската држава, соопшти турската полиција.

Како што јавуваат турските медиуми, припадниците на антитерористичката единица, потпомогнати од хеликоптери, спровеле рации на 22 адреси во Адана по дојава дека ИД планира напад. Приведените се однесени на сослушување.

Адана се наоѓа во близина на воздухопловната база Инџирлик, каде се стационирани американските и НАТО-силите и ја користат таа база во борбата против ИД.