Центарот на Стокхолм затворен за сообраќај, евакуирани владините објекти

Три лица загинаа, а повеќе се повредени откако камион влета во пешачка улица во Стокхолм, пред да удри во продавница, потврди полицијата.

Шведскиот премиер Штефан Лофвен изјави дека сите детали од инцидентот посочуваат дека станува збор за терористички напад.

Иако премиерот соопшти дека осомничениот е приведен, полицијата вели дека засега не може да потврди дека некој е уапсен.

Шведската полиција издаде предупредување да се избегнува центарот на Стокхолм. Сите метро-станици и трамваи се запрени, а централната железничка станица е евакуирана.

Сите владини институции се затворени по нападот, а министрите се однесени на безбедно место.