Цел Крим во мрак, нема струја

На полуостровот Крим дошло да целосен прекин на електричната енергија, соопшти денеска локалниот министер за енергетика и за гориво, Вадим Белик.

– Целосниот прекин настана откако на копното е исклучен системот за автоматско реагирање во вонредни ситуации – рече Белик.

Тој додаде дека напојувањето со енергија на Крим треба биде обновено што е можно побргу.