Тројца пратеници во Албанија може да останат без мандати поради криминални досиеја

Основното јавно обвинителство на Албанија ги испитува досиејата на тројца пратеници и на еден градоначалник, во согласност со Законот за декриминализација, со кој се забранува лица со криминално досие да бидат вршители на јавни функции, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана.

Имено, обвинителството го истражува минатото на пратеници од Демократската партија, Социјалното движење за интеграција и од Партијата за правда, интеграција и единство.

Обвинителството, официјално одбило да коментира во врска со истрагата која се врши за овие лица.

Според законот за декриминализација, обвинителите добиваат анонимни дојави од граѓани кои знаат нешто за минатото на функционерите, а кое се коси со законите.