fbpx
Таг: пат

таг: пат

Василево: Четири години за четири километри

Четири години по ред, локалниот пат Чанаклија – Нова Маала во општина Василево е во плановите и парите се одвојуваат во буџетот на Општината. Останаа четири километри пат – четири километри секојдневно малтретирање за жителите на овие места, кои никогаш не открија каде и како секоја година исчезнуваат нивните пари. - Моите пари ме болат - вели еден од анкетираните жители,...

В понеделник прекин на сообраќајот кај Пресека поради минирање

Поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2, Охрид - Кичево, на делот помеѓу Пресека - село Врбјани, в понеделник, на 21 декември, ќе има прекин на сообраќајот, соопштуваат од АМСМ. Според најавите, сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути, во периодот од 12.30 до 14.30 часот.

Магла на патот Тетово – Попова Шапка

Сообраќајот на сите патишта во земјава се одвива непречено, по претежно суви коловози на пониските места и на места влажни коловози на повисоките планински и осојничави места. Поради појава на магла, видливоста на патните правци Тетово – Попова Шапка и крак Маврово – Бунец е намалена до 30 метри.

Утре привремен прекин во сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево - Охрид, помеѓу планинскиот превој Пресека и селото Врбјани, утре сообраќајот ќе биде во прекин 15-20 минути, помеѓу 12 и 14 часот, информира Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување...

Делницата од Градско до Неготино ќе биде затворена до 18 часот

Делницата од Градско до Неготино денеска од 5 до 18 часот ќе биде затворена за сообраќај поради најавеното снимање на францускиот филм „А фонд“. Сообраќајот денеска на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците, особено на...

Денеска затворен за сообраќај патот од мотел „Македонија“ до Градско

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава. Снимањето на францускиот филм се одвива на делницата од мотел „Македонија“ до Градско од 5 до 18 часот, што значи дека сообраќајот ќе се пренасочува по стариот...

Расчистен локалниот пат во село Шипковица

Попладнево е расчистен локалниот пат во село Шипковица, Тетовско, кој утринава околу 2 часот беше блокиран од свлечиштето долго 10 метри и високо 6 метри. Екипите на јавното комунално претпријатие расчистиле наноси од земја и потпорен ѕид. Од Општина Тетово најавија дека од утре ќе почнат да го средуваат ридот. Свлечиштето најверојатно се случило поради дождот кој наврна изминативе денови во...

Свлечиште го блокира локалниот пат во селото Шипковица

Свлечиште на земја, околу 2 часот утринава се урна на локалниот пат во село Шипковица, Тетовско. Свлечиштето е долго 10 метри и високо 6 метри. Поради ерозија на земја, денеска се блокирани патните правци кон селата Бродец, Вешала и Бозовце. Случајот е пријавен во 7 часот утринава, а екипи на град Тетово со градежна механизација го расчистуваат теренот и очекуваат во текот на...

Автомобил прегазил пешак на патот Кичево-Македонски Брод

Вчера, околу 11.20 часот, на регионалниот пат Кичево - Македонски Брод, се случила сообраќајна незгода помеѓу „цитроен берлинго“ со кичевски регистерски ознаки, управувано од И.Н.(44), и велосипед управуван од Насуф Н. (74) од Кичево. Во незгодата, тешки  телесни повреди добил велосипедистот, кој со возило на брза помош бил пренесен во болницата во Кичево, каде им подлегнал на повредите. На местото на...

Експресниот пат Велес – Штип ќе биде готов во 2016 година

Завршени се првите пет километри од реконструкцијата на патот Велес - Штип, а денеска ќе се почне со асфалтирање на уште девет километри од Велес до Лозово. Целосно, експресниот пат Велес - Штип треба да биде завршен во првата половина на 2016 година. Должината на експресниот пат ќе биде 26 километри, а цената на изградба изнесува 15 милиони евра.

АМСМ: Од 16 до 17 часот ќе има прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Поради изведување работи на пат, минирање, денеска ќе има прекин во сообраќајот на патот А2 Кичево – Охрид, кај месноста Лавчански корита, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Прекинот ќе биде во периодот од 16 до 17 часот, во траење од 15 до 20 минути.

Жителите на Кривогаштани го блокираа патот со Воѓани, бараат негова реконструкција

Жителите на општина Кривогаштани и на околните села, денеска во знак на протест го блокираа регионалниот пат Кривогаштани - Воѓани, барајќи да се реализира најавената реконструкција на регионалниот пат, кој ги поврзува овие две населени места. Реконструкцијата на патот беше дел од изборната програма на градоначалникот на општината, а го има и во програмата на Општината за 2015 година. Патот, како...

Премиерот Груевски денеска ќе пушта пат и водовод во Елшани

Претседателот на Владата, Никола Груевски, и охридскиот градоначалник, Никола Бакрачески, денеска, свечено, ќе го отворат новиот асфалтиран пат и ќе го пуштат во употреба новиот водоводен систем во надезерското село Елшани. Реконструкцијата на патната делница, од автокампот Елешец на меѓународниот пат Охрид - Свети Наум до Елшани, е во должина од 2.258 метри. Вкупната вредност на проектот е 7,6 милиони денари,...

Патниот правец Битола – Ресен прооден

Патниот правец Битола - Ресен (обиколница Битола) е оспособен за сообраќај на сите видови моторни возила. Отстрането е свлечиштето на патот поради кое претходно возилата се пренасочуваа преку Битола. Поставена е соодветна патна сигнализација, соопштија од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на...

Од 16 до 17 часот, прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Денеска од 16 до 17 часот, најавен е прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид кај месноста Лавчанско речиште, каде во тој период ќе се изведуваат градежни работи (минирање), информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Поради појава на свлечиште на патниот правец Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот сè уште е во прекин. Возилата се пренасочуваат низ Битола. Сè...

Затворен патот Свети Николе – Штип

Магистралниот пат Свети Николе - Штип е привремено затворен за сообраќај поради изградба на автопатот Миладиновци - Штип, кај клучката Кадрифаково. Целокупниот сообраќај е пренасочен кон регионалниот пат Р1204.

АМСМ: Свлечиште го прекина сообраќајот на патниот правец Прилеп – Ресен

Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот е повторно во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола. Денеска на патниот правец А2Е, Охрид - Кичево, делница Подвис – Пресека, во период од 16 до 17 часот, ќе се изведуваат градежни работи на патот – минирање. Во тој период делницата ќе биде затворена...

Патот Прилеп – Ресен во прекин поради свлечиште

Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот е повторно во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола. На патниот правец Скопје – Велес одронот е исчистен и сообраќајот е нормализиран. Од превентивни причини, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 500 метри, за што е поставена соодветна сообраќајна...

Се расчистува одронот на патот Средно Водно – Пантелејмон

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“, го расчистуваат одронот на патот Средно Водно - Пантелејмон, кој во текот на изминатата ноќ ги покри двете сообраќајни ленти на оваа делница и го оневозможи одвивањето на сообраќајот. Работниците од ЈП „Улици и патишта“ со соодветна механизација уште веднаш излегоа на терен и ги расчистуваа наносите земја и камења...

Прооден патот Прилеп – Ресен

Патниот правец А3 Прилеп - Ресен - обиколка Битола, кој беше затворен поради одрон и свлечиште, во моментов е пуштен за сообраќај. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината спрема условите на патот, како и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...