петок, 14 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: пат | 121 резултати

Опасни карпи се надвиснати над патот кон Македонска Каменица

9 февруари 2015

Веќе четврти ден е во прекин магистралниот пат Кочани – бугарска граница, кај Македонска Каменица. Сообраќаен инспектор го забранил одвивањето на сообраќајот поради опасните карпи што се надвиснале над патот. Цел рид со огромни карпи се свлече по интензивните врнежи и комплетно го прекри делот од патот по селото Истибања. „Македонија пат“ ја чисти земјата и огромните […]

Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар

9 февруари 2015

Поради интензивни врнежи од снег и ниска температура, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар, информираат од Јавното претпријатие „Македонија пат“. Екипи од претпријатието работат на негово расчистување.

За Бугарија преку Берово

6 февруари 2015

Цел рид се свлече и затрупа дел од магистралниот пат што води кон границата со Бугарија преку Македонска Каменица кон Делчево. Поголеми карпи и земја го потрупаа патот од двете страни, поради што воопшто не може да се помине. За да се премине границата со Бугарија во Источна Македонија преку преминот Станке Лисичково кај Делчево, […]

Поради поплавите, затворени повеќе локални правци

5 февруари 2015

Превентивно ќе биде затворен патниот правец од Ново Село кон Радовиш поради зголемување на нивото на реката Брегалница. Од 15.40 часот во прекин е патниот правец Демир Капија – село Корешница поради зголемување на нивото на реката Вардар и поплавување на пристапот на мостот кон селото. Во прекин е сообраќајот на локалниот пат за селото […]

Лавина на патот Дебар – Маврови Анови

4 февруари 2015

На коловозот на регионалниот патен правец Дебар – Маврови Анови, во близина на Бигорскиот манастир, утрово се срушила лавина од снег, камења и од земја. Сообраќајот е во прекин, а екипи на „Македонија пат“ го расчистуваат наносот. Според Автомото-сојузот на Македонија, сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар за патнички возила е нормализиран. Останува забраната […]

За да се спречи поплавување на Новаци, ќе се руши регионалниот пат кој води до РЕК

4 февруари 2015

Со дозвола на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, намерно ќе се сече регионалниот пат кој води до РЕК Битола за да се направи пропуст на водата што се заканува да го поплави цело село Новаци. – Добивме дозвола од министерот Миле Јанакиевски да го пресечеме патот за да направиме вештачки испуст на водата, која е […]

Затворен патот Штип – Радовиш

2 февруари 2015

Од Општина Штип ги информираат граѓаните дека патот Штип – Радовиш е затворен за сообраќај поради излевање на Брегалница. – Сите кои патуваат кон лакавичкиот регион, да го користат алтернативниот пат од клучката кај Три чешми кон Радовиш. Водениот бран од браната Калиманци пристигна во Штип. Поради зголемено ниво на водата, се аплеира до граѓаните […]

Отежнато движење по патиштата во Македонија

31 декември 2014

Денеска на патнитe правци Тетово – Попова Шапка, крак Маврово – Дебар, Дебар – Струга, како и на планинските премини Пресека и Стража, е воведена забрана за движење на тешки товарни возила и на автобуси, а за патничките возила задолжителна е употреба на зимска опрема. „На патниот правец Тетово – Јажинце е задолжителна употреба на […]

Патот Кичево – Охрид прооден

30 декември 2014

Патот Кичево – Охрид е прооден од 5 часот утринава, информираше министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по состанокот на координативното тело. Во чистењето на автопатот учествувале повеќе од десет машини од „Македонија пат“ и дел од приватни комппании и е прооден за лесни возила и за возила тешки до пет тони.

Патиштата низ Македонија се проодни

29 декември 2014

Од кризниот штаб информираат дека патните правци низ земјава се расчистени. Охрид и Струга добија електрична енергија. Единствено проблем има кај селото Коларе каде имало застој на возила, а за кратко време комплетно прооден ќе бил и патниот правец кај Пресека. Од МЕПСО, пак, информираат дека по направените натчовечки напори, саниран е дефектот на високонапонската мрежа. Утрово министерот […]

„Делфина“ ги одложи автобуските линии за попладне, „Галеб“ заглави кај Кичево

29 декември 2014

Вистинска драма и кошмар поминаа синоќа многу патници, на патниот правец Кичево – Охрид. ЈП „Македонија пат“ потфрли целосно, како да беше изненадено од снегот среде зима. Вчера попладне, од Охрид кон Кичево ниту едно возило не го чистеше снегот, додека во градот екипите на „Охридски комуналец“, потпомогнати со возила на приватни компании, со чистење […]

Сите патници извлечени од Пресека

29 декември 2014

Извлечени се сите патници кои во недела вечер со своите возила биле заглавени на планинскиот превој Пресека, на магистралниот пат Охрид – Кичево, информираат од Центарот за управување со кризи. Од АМСМ велат дека сообраќајот на овој патен правец е сè уште во прекин, а голем број охриѓани со своите возила чекаат во Кичево или […]

Патот Кичево – Охрид непрооден

29 декември 2014

Поради снежите наноси, сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива отежнато и во зимски услови. Во прекин за сите возила е сообраќајот на патниот правец Кичево  -Охрид преку планинскиот премин Пресека, а на патните правци Скопје – Велес и Велес – Катланово е отежнат и забавен во долга колона. Поради големи остатоци од снег, […]

Нов локален пат и повеќенаменско игралиште во Прилеп

20 декември 2014

Во гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, ќе го пуштат во употреба 35. по ред повеќенаменско игралиште кое е дел од проектот „Изградба на 100 повеќенаменски игралишта”. Претходно, министерот Јанакиески ќе го пушти во употреба локалниот пат од село […]

Две нови автопатски делници во Охрид и во Струга

13 ноември 2014

Со вкупно 86 милиони евра, средства од Европската банка за обнова и развој, одобрени како поддршка на јавните инвестиции во инфраструктурни објекти во Република Македонија, ќе се гради нов, експресен пат од Охрид до туристичката населба Пештани. Сообраќајницата е и дел од меѓународниот пат до Свети Наум и оттаму за Република Албанија. Новиот експресен пат […]

Јанакиески ќе го пушти во употреба патниот правец Негорци – Сременин

9 ноември 2014

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска ќе го пушти во употреба патниот правец Негорци – Сременин, Општина Гевгелија. Јанакиески ќе го пушти во употреба и канализацискиот систем во населеното место Мрзенци, во истата општина.

Ќе се гради пат Кавадарци – Прилеп

4 ноември 2014

Денеска, претставници и проектанти од Агенцијата за патишта во салата на општина Кавадарци имаа средба со граѓаните што имаат свое земјиште и се засегнати со процесот на експропријација во делот на патниот правец кој Владата на Република Македонија планира да го гради од наплатаната станица кај Градско преку општина Росоман и Кавадарци до општина Прилеп. […]

Страна 6 од 6