fbpx

Жителите на Кривогаштани го блокираа патот со Воѓани, бараат негова реконструкција

-

Жителите на општина Кривогаштани и на околните села, денеска во знак на протест го блокираа регионалниот пат Кривогаштани – Воѓани, барајќи да се реализира најавената реконструкција на регионалниот пат, кој ги поврзува овие две населени места.

Реконструкцијата на патот беше дел од изборната програма на градоначалникот на општината, а го има и во програмата на Општината за 2015 година.

Патот, како реализиран проект, го има и во отчетот на ВМРО-ДПМНЕ во делот „Реконструкција на локални патишта“ за периодот од 2011 до 2014 година.

– Во име на Советот на Општина Кривогаштани, овде имаме тројца советници на СДСМ. Од градоначалникот Тони Заткоски бараме веднаш да се зафати со работа на регионалниот пат Кривогаштани – Воѓани затоа што ни е потребен и затоа што е од јавен интерес. Во овие две години колку што сме советници, на секоја нова седница имаме писмено обраќање од негова страна до нас, дека патот ќе биде направен, дека е во програмата за работа, но, еве, и самите гледате дека патот го нема – вели советничката на СДСМ, Дијана Ацеска.

Б.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...