fbpx
Таг: Комисија за европски прашања

таг: Комисија за европски прашања

Измените на Законот за работни односи утре пред пратениците на пленарна седница

Предложените измени на Законот за работни односи утре ќе се најдат на пленарна седница пред пратениците во Собранието на РСМ. Измените на овој закон веќе го минаа филтерот на собраниската Комисија за европски прашања, каде беа разгледани по скратена постапка поради „европското знаменце“. Инаку, собраниската Комисија за европски прашања и денеска продолжи со работа по останатите четири предлог-закони, кои Владата...

Со кавги започна комисиската расправа за петте предлог-закони со ЕУ знаменце

Започна расправата во собраниската Комисија за европски прашања за петте предлог-закони кои Владата ги достави до Собранието со „европско знаменце“. Пратениците од власта и опозицијата уште на првата точка, во однос на предложените измени и дополнувања на Законот за работни односи, жестоко се искараа. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во своето обраќање пред комисијата рече дека измените и дополнувања на...

Јарослав Лудва: Чешка останува принципиелен поддржувач на политиката на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан

Aмбасадорот на Чешка во Северна Македонија, Јарослав Лудва денеска на 41-вата седница на Комисијата за европски прашања ги претстави Програмата и Приоритетите за работата на Чешкото претседателство со Советот на Европската унија за втората половина на 2022 година. Тој нагласи дека Чешка останува принципиелен поддржувач на политиката на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан и ја потврди...

Порталб: Законот за дигитални книги со европско знаме сè уште не е стигнат до Комисијата (документ)

Законот за учебници и други дидактички материјали, со кој се предвидува дигитализација на учебниците, откако беше вратен од Собранието, ќе биде повторно пратен деновиве, но не во Комисијата за образование и наука, туку во Комисијата за европски прашања, бидејќи истиот ќе се испрати со европско знаме. Ова значи дека опозицијата нема да може да го блокира законот со бесконечни...

Поднесени над 40 амандмани за Предлог – законот за јавно обвинителство

Над 40 амандмани поднеле политичките партии за Предлог - законот за јавно обвинителство, кој денеска се разгледува на седница на Комисијата за европски прашања. Опозициската партија ВМРО - ДПМНЕ поднела околу 20 амандмани, 16 се на СДСМ, 10 се на ДУИ и три на пратеничката Сурија Рашити. Претседателот на Комисијата, Артан Груби даде пауза веднаш по отпочнувањето на комисиската седница...

Предлог-законот за јавно обвинителство в четврток на комисиска расправа

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби за в четврток ја закажа седницата на која ќе се расправа за Предлогот на закон за јавното обвинителство и за Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители. Артан Груби во текот на денешниот ден имал консултации со координаторите на пратеничките групи и со претседателот на...

Преведени сите 401 амандмани од ВМРО ДПМНЕ за Изборниот законик

За помалку од 24 часа преведени се и архивирани сите 401 амандмани за законот за измена на Изборниот законик поднесени од опозициската ВМРО ДПМНЕ, изјави претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби. Амандманите ќе се разгледуваат на денешната седница Вчера опозицијата побара одложување на седницата поради поднесените амандмани, со образложение дека ќе треба време да ги поминат сите собраниски...

Груби ги стави амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за Изборниот законик на седница во 11 часот

Седницата на Комисијата за европски прашања ќе продолжи денеска во 11 часот, а на дневен ред се 401 амандман поднесен од ВМРО-ДПМНЕ за предлог законот за измени на Изборниот законик по скратена постапка. Предлог законот за изменување, го поднесе владата, тој е со европско знаменце и ќе се носи по скратена постапка. Со него, владата предлага наместо со двотретинско мнозинство...

Груби ја закажа за попладнево комисијата за изменување на Изборниот законик

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, за 17.30 часот денеска закажа седница на која единствена точка е предлог-законот за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка. Овој потег на Груби уследи кратко по завршувањето на лидерската средба, на која претседателите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Беса на Билал Касами не постигнаа договор. ВМРО-ДПМНЕ претходно многу пати го оквалификува...

Жбогар: Македонија ја очекува многу работа

Македонија ја заслужи безусловената препорака, но ја очекува многу работа, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар на седницата на собраниската Комисија за европски прашања на која го претстави извештајот. - Препораката од извештајот е кристално јасна, процесот на евроинтеграција не е техничка работа на штиклирање на задачите. Се работи за прифаќање и споделување на европските основни вредности. Потребно е да се одржат...

Груби: По изгласувањето на законот за јазици, време е да се посветиме на реформите

Артан Груби, претседателот Комисијата за европски прашања која беше матичното работно тело кое го разгледуваше законот за употреба на јазиците преку соопштение до јавноста го поздрави вчерашното донесување на законот. Груби изразува особено задоволство што законот за употреба на јазиците се донел со 64 гласови „за", без ниту еден глас „против" и „воздржан" и што во целокупната постапка при донесување...

Бугарскиот амбасадор на 15 јануари во Собранието ќе ја презентира програмата за ЕУ

Амбасадорот на Бугарија во Македонија, Иван Великов Петков, на седница закажана за 15 јануари пред собраниската Комисија за европска прашања ќе ги презентира програмата и приоритетите на бугарското претседателство со Советот на Европската Унија. Инаку, Бугарија претседавањето со ЕУ во следните шест месеци ќе го посвети на четири приоритети - иднината на Европа и младите луѓе, Западен Балкан, безбедноста и...

Расправата за законот за јазиците заврши без ниту еден прифатен амандман

Синоќа пред полноќ собраниската Комисија за европски прашања и Законодавно-правната комисија ги завршија трите дена амандманска расправа за Предлог-законот за употреба на јазиците. Комисијата за европски прашања три дена дебатираше за првиот амандман на Беса со кој партијата предложи да се промени насловот на законот и наместо „Предлог закон за употреба на јазиците“ побара да стои „Предлог закон за употреба...

Беса нема да учествува во расправата за Законот за јазиците оти била „политички театар“

Пратениците на Беса нема да учествуваат на амандманската расправа за Законот за употреба на јазиците бидејќи за нив она што се случува во Собранието е „политички театар“. - Нема да учествуваме во работата на Комисијата бидејќи сметаме дека ќе продолжи театарот и ние немаме намера да учествуваме во тој театар - изјави денеска пратеникот Фадил Зендели, пред почетокот на седницата...

Предлог-законот за јазиците денеска на второ читање во две комисии

Во две собраниски комисии денеска ќе се дискутира за Предлог-законот за употреба на јазиците, во второ читање. Од 13 часот, за предлог-законот ќе се расправа во Комисијата за европски прашања, во второто продолжение на 6-тата седница на оваа комисија, а од 16 часот е предвидено тој да се најде на 31-та седница на Законодавно-правната комисија.

Беса побара Законот за јазиците да се преименува во „закон за албанскиот јазик“

Претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби ја прекина расправата за Предлог – законот за употреба на јазиците, бидејќи пратеникот Фадил Зендели од Беса не сакаше да ја напушти говорницата откако Груби не му даде збор. Беса преку амандман бараше да се промени насловот на законот и наместо „Предлог закон за употреба на јазиците“ бараат да стои „Предлог закон...

Втор обид за почеток на амандманската расправа за законот за јазиците

Членовите на Комисијата за европски прашања, во отсуство на опозицијата, денеска треба да ја одржат амандманската расправа за Предлог-законот за употреба на јазиците. Вчера пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ објавија дека ќе ја бојкотираат работата на Собранието бидејќи шестмина нивни пратеници се во притвор и нема соодветни услови да партиципираат во работата на Парламентот. Артан Груби, претседателот на...

Одложена комисиската седница за законот за јазиците, никој не дојде од Министерство за правда

Амандманската расправа за предлог-законот за употреба на јазиците која денеска требаше да почне во собраниската Комисија за европски прашања е одложена, поради, како што соопшти претседателот на Комисијата, Артан Груби, неприсуството на претставници од Министерството за правда. Како што соопшти Груби, тој добил известување од министерот за правда, Билен Саљији дека е во Летонија, и дека на денешната седница го очекувале...

Утре почнува расправата за Законот за јазиците во Комисијата за европски прашања

Со почеток во 11 часот, утре во Собранието на Република Македонија, Комисијата за европски прашања ќе ја одржи 6-тата седница. На дневниот ред единствена точка е предлог-законот за употреба на јазиците, во второ читање. Оваа седница за законот за јазиците првично беше закажана за 22 ноември, Денот на албанската азбука, но претседателот на комисијата, Артан Груби, ја одложи. Тој рече...

Груби: Седницата за законот за јазиците не ја одложив поради изјавата на Хан

Претседателот на Комисијата за европски прашања, пратеникот Артан Груби, ја одложил утрешната комисиска седница за законот за јазиците за да не се дефокусира јавноста од итните прашања. - Проценив дека неделава е многу значајна за други реформски прашања и дадов предност на тоа за да не овозможам дефокусирање на јавноста од тоа што во моментов е најзначајно и итно –...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...