fbpx

Груби: По изгласувањето на законот за јазици, време е да се посветиме на реформите

-

Артан Груби, претседателот Комисијата за европски прашања која беше матичното работно тело кое го разгледуваше законот за употреба на јазиците преку соопштение до јавноста го поздрави вчерашното донесување на законот.

Груби изразува особено задоволство што законот за употреба на јазиците се донел со 64 гласови „за”, без ниту еден глас „против” и „воздржан” и што во целокупната постапка при донесување на законот, на комисиската расправа, како и во прво, второ и трето читање на законот на седница на Собранието, тој бил изгласан без ниту еден глас против.

-Со донесувањето на законот за употреба на јазиците се заокружи нормативниот дел на Охридскиот рамковен договор, со што Македонија ќе стане посилна, постабилна, посигурна и покохезивна држава која силно чекори кон ЕУ и НАТО. Сега е време да се посветиме целосно на преостанатите реформски закони како и на решавање на спорот со нашиот јужен сосед за да ја интегрираме нашата држава целосно во НАТО и ЕУ – вели Груби.

Тој потенцира дека она што до вчера било слабост, меѓуетничките односи, денес е најголем адут за Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...