fbpx
Таг: изборен законик

таг: изборен законик

„Цивил“ бара политичките партии, кандидатите и институциите да ги почитуваат законите

Невладината организација „Цивил“ упати барање до политичките партии да го почитуваат Изборниот законик, Уставот и законите на Република Македонија, да го почитуваат изборниот молк и да ги сопрат евентуалните планови, ако такви постојат, за изборен поткуп, притисоци и за манипулација на гласачите. „Бараме од родителите и од наставниот кадар да ги почитуваат децата и да ги остават надвор од политиката....

ААВМУ: Вечерва на полноќ почнува изборниот молк

Денеска на полноќ завршува изборната кампања во првиот круг од локалните избори, по што почнува изборниот молк, кој трае до 19 часот в недела, кога завршува гласањето на избирачките места, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). За време на изборниот молк се известува за изборите и за текот на гласањето, но престануваат сите облици на изборно медиумско...

ААВМУ поведе прекршочни постапки против ТВ „Нова“, „Алсат-М“ и „Телевизија 24“

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) поведе прекршочни постапки против „ТВ Нова“, „Алсат-М“ и „Телевизија 24“. Постапките, како што соопштија од Агенцијата, се поведени врз основа на извештаите од надзорот на медиумското известување за изборните, а во согласнот со Изборниот законик. ААВМУ повела прекршочна постапка против „ТВ Нова“ и „Алсат-М“ поради надминување на лимитот за платено политичко рекламирање, додека постапката...

СДСМ најави пријава против Јакимовски поради кршење на Изборниот законик

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска најави дека ќе поднесе „соодветна пријава“ против градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, поради кршење на Изборниот законик со поставувањето камен-темелник за нова градинка во општината. „Откако СДСМ вчера ги обелодени лошите услови во градинката „Мајски цвет“ и беше обелоденето дека Стевчо Јакимовски со години ги лажеше граѓаните и им ветуваше изградба на нова градинка...

Шилегов: Со измените на Изборниот законик, Беса ќе стане дел од ДИК

Петре Шилегов, пратеникот од редовите на СДСМ во Собранието, денеска на прес-конференција соопшти дека парламентарните политички партии постигнале договор да се измени Изборниот законик, односно да може претставник на Беса да седне на столчето во ДИК наместо претставникот на ДПА. Според измените, составот на ДИК ќе се усогласува со пратеничките групи во Собранието, односно со воведените одредби ќе може да се...

Џафери ја помести седницата за 15 часот, Димовски најавува „повеќе реакции“

Наместо во 11 часот, како што утрово првично беше најавено од стручните служби на Собранието, првата пленарна седница денеска ќе почне во 15 часот. Според новото соопштение од Собранието, распоредот за работа нема да се смени - првин ќе се одржи продолжението на 8-та седница, на чиј дневен ред се 12 точки, меѓу кои и изборот на заменици на...

ВМРО-ДПМНЕ: Колку и да се труди, Манчевски нема да најде 180 илјади административци

Колку и да се труди, Дамјан Манчевски не може да најде 180 илјади или некој друг имагинарен број на вработени во јавната администрација со кој упорно ја манипулира јавноста, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот за информатичко општество и администрација. Според опозициската партија прес-конференцијата на Манчевски е скандалозна бидејќи тој отворено кажува дека не го почитува...

Заврши одморот, Антикорупциска в понеделник ќе почне да го пишува одговорот

Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) в понеделник се враќаат на работа, бидејќи в недела им завршува годишниот одмор, информираа од Комисијата за „Мета“. Антикорупциската комисија беше во центарот на политичките препирки, откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија во вторникот поднесоа барање за мислење до ДКСК, велејќи дека собраниската седница за разрешување на...

Полупразна сала, реплики и контрареплики на продолжението на расправата за Зврлевски

Осмото продолжение на собраниската расправа за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, почна и се одвива според истиот шаблон на реплики и на контрареплики меѓу пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на процедурални забелешки. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на почетокот на денешното продолжение на седницата побара од претседателот на Собранието да ја прекине расправата поради членот 8-а од Изборниот...

Алинејата 4, додадена во Изборниот законик во Пржино, го кочи разрешувањето на Зврлевски

Одредбата од членот 8-а од Изборниот законик, за која ВМРО-ДПМНЕ побара мислење од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во врска со собраниската расправа за разрешувањето на држвниот јавнен обвинител, Марко Зврлевски, беше додадена во Изборниот законик во согласност со Договорот од Пржино, што во 2015 година го постигнаа СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, за излез од политичката...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Талат Џафери ја оневозможуваат демократијата во Собранието

Талат Џафери, кој со поддршка на СДС го узурпира претседателското место во Собранието, врши вистински терор во законодавниот дом, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека за само два месеци Џафери повикал обезбедување во собраниската сала повеќе отколку сите негови претходници заедно во изминатите 26 години. „Во Собранието, кое е сржта на парламентарната демократија, тие сакаат да спроведуваат...

Мандатите на градоначалниците и на советниците продолжени до локалните избори

Со 63 гласа „за“, во Собранието на Република Македонија попладнево беше изгласан предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, со кој локалните избори ќе се одржат во октомври, а мандатите на градоначалниците и на членовите на советите на општините се продолжуваат до стапувањето на должност на новоизбраните функционери по следните локални избори. Со оваа законска измена, се овозможува непречена...

Почна седницата на Собранието за избор на новата влада

Со доцнење од половина час, со расправија и со надмудрувања околу употребата на албанскиот јазик помеѓу претседателот на Собранието, Талат Џафери, и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, почна седницата на Собранието на Република Македонија за избор на новата влада, чија мандатар е лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Џафери ја отвори седницата на албански јазик, заблагодарувајќи им се на сите што го поддржале,...

Министерството за локална самоуправа бара од Собранието итно решение за општините

Министерството за локална самоуправа денеска испратило писмо до новоизбраниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, со кое бара парламентот во најкус можен рок да направи измени на Изборниот законик за да може општините да продолжат да функционираат и по 15 мај, кога им истекува мандатот на градоначалниците и на советниците. „Со оглед на настаната состојба поради нераспишувањето на...

Субвенциите ќе може да се исплаќаат додека Уставниот суд не одлучи поинаку

Субвенциите на земјоделците ќе може да се исплаќаат, пресече Уставниот суд, кој на денешената седница со мнозинство гласови донел одлука да поведе постапка за оценка на уставноста и на законитоста на членот 8-а од Изборниот законик и на членот 11 од Законот за спречување на корупција. Истовремено, Уставниот суд донесе и привремена мерка со која се запира извршување на овие...

Не е работа на Уставниот суд да создава закони, туку да ги толкува, смета СДСМ

Уставниот суд да не навлегува во креирање на правото, бидејќи не е негова надлежност да создава закони, туку да ги толкува, изјави денеска портпаролот на СДСМ и пратеник, Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање во врска со утрешната седница на Уставниот суд, на која треба да се одлучува по иницијативите за продолжување на мандатот на градоначалниците и на советите на...

Уставниот суд в среда ќе расправа за продолжување на мандатот на градоначалниците

Уставниот суд на Република Македонија в среда, на 10 мај, сепак, ќе ги разгледува иницијативите за укинување на два члена од Законот за локална самоуправа и од Изборниот закон со што ќе се овозможи градоначалниците и советниците да останат на своите функции до одржувањето на локалните избори. Имено, судот денеска соопшти дека со две нови иницијативи ја проширува агендата за...

Миноски само наоѓа изговори да не ги исплати субвенциите, велат земјоделците

Претседателот на Сојузот на синдикатот на земјоделците во Струмичкиот Регион, Ристо Велков, вели дека министерот за финансии, Кирил Миноски, само си наоѓа изговори во Изборниот законик за да не се исплатат субвенции. „Или нема пари, или политика е во прашање. Нека ми каже министерот кои избори се планирани во догледен период за да бидат пречка да не се исплатат субвенциите или,...

Две иницијативи до Уставниот суд да го продолжи мандатот на градоначалниците

Министерството за локална самоуправа и Светскиот македонски конгрес (СМК) поднеле иницијативи до Уставниот суд со кои бараат укинување на два члена од Законот за локална самоуправа и од Изборниот законик, со што ќе се овозможи градоначалниците и советниците да останат на своите функции до одржувањето на локалните избори, објави „Сител“. Според актуелниот Изборен законик, локалните избори требаше да се одржат...

ДИК за локалните избори ќе врати 30.000 спорни гласачи на списокот

Спорните гласачи што беа избришани од избирачкиот список за предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември минатата година, повторно ќе ги има на избирачкиот список за локалните избори кои треба да се одржат во мај годинава, потврдија од ДИК за „Мета“. За предвремените парламентарни избори, спорни беа вкупно 30.447 записи за гласачи, кои по вкрстените и теренските проверки не можеа да...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...