fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Талат Џафери ја оневозможуваат демократијата во Собранието

-

Талат Џафери, кој со поддршка на СДС го узурпира претседателското место во Собранието, врши вистински терор во законодавниот дом, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во него се додава дека за само два месеци Џафери повикал обезбедување во собраниската сала повеќе отколку сите негови претходници заедно во изминатите 26 години.

„Во Собранието, кое е сржта на парламентарната демократија, тие сакаат да спроведуваат диктатура, да одлучуваат кој и кога ќе зборува од собраниската говорница и свесно да не го почитуваат деловникот за работа, а кој ќе се повика на правилникот – да го отстранат од собраниската сала. Со насилни интервенции на обезбедувањето, СДС и Џафери ја оневозможуваат дебатата и сакаат да ги спречат демократските права и процеси токму во местото кое е срцето на демократијата“, се вели во соопштението.

Од партијата додаваат дека преку „скандали, терор и кршење на Изборниот законик, СДС сакаат да избегнат дебата за клучните политички теми во моментов во Македонија, како што се неуставниот закон за јазици, националната стратегија за населување на мигранти во Македонија и штетниот договор кој владата на Заев го склучи со Бугарија, со кој се откажаа од многу позиции што многу значат за зачувување на државниот и националниот интерес“.

„СДС и Талат Џафери сакаат да избегаат од темите кои вистински ги обременуваат граѓаните и се обидуваат да ги блокираат дискусиите за струшката депонија и за пожарите“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...