fbpx
Таг: изборен законик

таг: изборен законик

Првиот круг беше мирен и транспарентен, велат меѓународните набљудувачи

Претседателските избори во Северна Македонија се добро спроведени, но на законската рамка сѐ уште ѝ треба подобрување, велат меѓународните набљудувачи, кои вчера ги презентираа првичните наоди. - Фундаменталните слободи на собир и изразување беа почитувани и денот на изборите беше мирен, уреден и транспарентен. Меѓутоа, сѐ уште има голема потреба од широка изборна реформа - порачаа тие. Според Серин Моборн, специјална...

На границата од законот – предизборни реконструкции, исплати и вработувања

На почетокот на 2014 година, се усвои нов член во Изборниот законик (8-а), кој пропишува дека од денот на распишување на изборите до прогласувањето на конечните изборни резултати, независно дали се работи претседателски, парламентарни или локални избори, не може да се започне изградба со буџетски средства на нови објекти во инфраструктурата – патишта, водоводи, далноводи, канализација, училишта, градинки, освен...

„Вистиномер“: За време на изборна кампања нема фалење со инфраструктура

Изјавата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија (РСМ), Зоран Заев дека на 29-ти март е распишан тендер за набавка и инсталација на нови електростатски филтри во РЕК Битола, „Вистиномер.мк“ ја оценува како „недоследна“. „Инвестицијата се проценува на 20,4 милиони евра, пари кои компанијата ги обезбедува од сопствени извори, што дополнително не радува нас како Влада. Една од најзначајните...

До крајот на месецов тендер за компанијата што ќе ја спроведе анализата за Попова Шапка

Тендерот за компанија што ќе ја спроведе анализата за Попова Шапка, треба да се отвори во текот на месецот, изјавија од  „ЕЛЕМ турс“. По завршувањето на анализата, се очекува да се донесе одлука за тоа, што ќе се случи понатаму со управувањето со овој скијачки центар, известува „Порталб.мк“. „Анализата е во почетна фаза и дека подготовката трае до три месеци. Откако...

Хајредини: ДУИ и осумтемина „одметнати“ ќе ги деактивираат и СЈО и бомбите

Владиниот коалициски партнер ДУИ е непремостива пречка за постоењето на Специјалното јавно обвинителство и понатамошното објавување на „бомбите“, смета аналитичарот и колумнист Џевдет Хајредини, кој додава дека судбината на СЈО ја запечатуваат и осумтемина пратеници „одметнати“ од ВМРО-ДПМНЕ. Власта, нагласува Хајредини, ниту без едните, ниту без другите нема да може да спроведе ниедна реформа за која е потребно двотретинско мнозинство...

ЗНМ: Измените на законот за медиуми оставаат простор за манипулации

Здружението на новинарите на Македонија реагира на последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААМУ) и на Изборниот законик, кои на четврти февруари беа усвоени во скратена постапка од страна на Собранието, без притоа да биде консултирана новинарската заедница. „Измените на ЗААМУ кои се однесуваат на членот 102 во делот на забрани за рекламирање даваат можност на...

ЗНМ: Власта не го исполни ветувањето за укинување на платената пропаганда

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска реагираше на последните измени и дополнувања на Изборниот законик (ИЗ), коишто по скратена постапка се предложени од власта и опозицијата во Собранието, а во кои не е предвидено и бришењето на спорниот член за финансирање на политичката пропаганда на партиите за време на изборна кампања. „Разочарани сме што Владата не ги исполнува јавните...

Европските колеги ги поддржаа новинарските здруженија против измените на Изборниот законик

Европската федерација на новинарите (ЕФН) даде силна поддршка на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) и на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), кои се спротивставија на последните измени на Изборниот законик. Според измените, и во приватните медиуми ќе се спроведува платено политичко рекламирање во изборна кампања платено од државата,...

Советот на Европа алармира за рестриктивните измени за медиумите во Изборниот законик

Советот на Европа вчера на својата платформа за заштита на новинарството и безбедноста на новинарите објави јавно предупредување за измените и дополнувањата на Изборниот законик, кои можат да имаат негативно влијание врз слободата на медиумите во Македонија. Во предупредувањето стои дека македонската држава е изворот на ваквото загрозување на слободата на медиумите, информираат од Здружението на новинари на Македонија, Предупредување...

ЗНМ: Го злоупотребуваат референдумот за да ги вратат владините кампањи во медиумите

Делегација на Здружението на новинарите на Македонија се сретнала со претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, со кои разговарале за измените на Изборниот законик и референдумот, кои имаат директно влијание врз работата на медиумите, информираат од ЗНМ. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, истакнал дека власта и опозицијата го злоупотребуваат референдумот за да обезбедат финансирање на нивната политичка пропаганда за изборна...

ААВМУ: Скандалозни решенија во измените на Изборниот законик

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги осудува усвоените измени во Изборниот Законик кои беа донесени вчера во Собранието, по скратена постапка. Смета дека некои од решенијата се скандалозни. Првата забелешка е на промената со која платеното политичко рекламирање, кое досега партиите и кандидатите го плаќаа од свој џеб, сега се префрла на товар на државниот буџет, а...

Измените на Изборниот законик на дневен ред во Собрание

Измените на Изборниот законик дeнеска ќе се дискутираат на 53. седница на Собранието. Седницата треба да продолжи со Предлогот за разрешување на претседателот и членовите на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, што започна во четвртокот, завршната сметка на Буџетот за 2017, дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на...

Преведени сите 401 амандмани од ВМРО ДПМНЕ за Изборниот законик

За помалку од 24 часа преведени се и архивирани сите 401 амандмани за законот за измена на Изборниот законик поднесени од опозициската ВМРО ДПМНЕ, изјави претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби. Амандманите ќе се разгледуваат на денешната седница Вчера опозицијата побара одложување на седницата поради поднесените амандмани, со образложение дека ќе треба време да ги поминат сите собраниски...

Груби ги стави амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за Изборниот законик на седница во 11 часот

Седницата на Комисијата за европски прашања ќе продолжи денеска во 11 часот, а на дневен ред се 401 амандман поднесен од ВМРО-ДПМНЕ за предлог законот за измени на Изборниот законик по скратена постапка. Предлог законот за изменување, го поднесе владата, тој е со европско знаменце и ќе се носи по скратена постапка. Со него, владата предлага наместо со двотретинско мнозинство...

Груби ја закажа за попладнево комисијата за изменување на Изборниот законик

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, за 17.30 часот денеска закажа седница на која единствена точка е предлог-законот за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка. Овој потег на Груби уследи кратко по завршувањето на лидерската средба, на која претседателите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Беса на Билал Касами не постигнаа договор. ВМРО-ДПМНЕ претходно многу пати го оквалификува...

Мицкоски: Излеговме поради Изборниот законик и неприсуството на сите партии

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој вчера ја напушти лидерската средба во Клубот на пратениците по еден час, набргу образложи дека тоа е направено поради, како што рече, неделовничкото донесување измени на Изборниот законик за да се избира Државната изборна комисија (ДИК) без опозицијата, како и поради неприсуството на средбата на сите парламентарни партии. Сепак, на средбата остана Социјалистичката партија на...

Бошњаковски: Лидерската средба може да го одблокира формирањето на ДИК

Измените на Изборниот законик кои се веќе во собраниска процедура, и со кои изборот на членовите на Државната изборна комисија (ДИК) би се вршел со мнозинство од 61 пратеник, наместо двотретинско мнозинство како досега, ќе влезат во процедура ако утре на лидерската средба не се постигне политички консензус за ДИК, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски. На редовната прес-конференција во Владата...

Данев: Власта без консултација со опозицијата подметнува измена на Изборниот законик

На почетокот на 53. седница на Собранието е објавена едночасовна пауза на барање од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев кој реагираше на дополнувањето на дневниот ред со измени на Изборниот законик. Данев рече дека веднаш откако еврокомесарот Јоханес Хан излегол од собраниската седница „била подметната измена на Изборниот законик“, што никогаш претходно во државава не се правело...

Собранието го донесе законот за ДИК со шестмесечен мандат

Со 80 гласа за, без гласови против, Собранието го донесе Предлог - законот за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка, со кој ќе се воспостави привремен состав на Државната изборна комисија (ДИК). Со овој закон, кој беше договорен од власта и од опозицијата, а беше поднесен од пратениците Томислав Тунтев, Драган Данев, Ејуп Алими и Африм Гаши, координатори на...

Радио „Скопје“ и ТВ „Нова“ го прекршиле изборниот молк, соопшти ААВМУ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска соопшти дека првиот програмски сервис на „Македонско радио“ (Радио „Скопје“) и ТВ „Нова“ го прекршиле Изборниот законик во текот на вториот круг од локалните избори поради што ќе бидат поднесени барања до надлежен суд за поведување прекршочна постапка. Според ААВМУ, во тек на изборниот молк, во емисија за земјоделците на Радио „Скопје“...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...