Стопанска комора на конференција во Тирана за иднината на Балканот во глобалната економија

Претставници на Стопанската комора на Македонија ќе учествуваат на конференцијата „Иднината на Балканот – кон глобална вклученост“, која ќе се одржи денеска во Тирана.

На конференцијата, како што информираат од Комора, ќе се разговара за перспективите на институциите за глобална вклученост на земјите од Западен Балкан, за состојбите на пазарот на капитал во овие земји, но и за можностите за унапредување на прекуграничната соработка.

„Во рамките на последниот панел, кој ќе биде посветен на ктивностите на Коморскиот инвестициски форум, унапредување на деловниот амбиент во регионот и активно вклучување на бизнис-заедницата во Берлинскиот процес ќе учествува и националниот национален координатор на Коморскиот инвестициски форум во рамките на Стопанската комора на Македонија, Татјана Штерјова“, се вели во соопштението на Стопанска комора.

На конференцијата ќе учествуваат и претседателот на Албанија, Илир Мета, заменик-претседателот на Владата на Албанија, Сенида Меси, директорите на берзите од регионот, како и претставници на коморите од земјите од Западен Балкан.