Сончево време со температури до 37 степени Целзиусови


       
Скопје, 13 август, 2018 - 9:31 (META) 

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од променлив правец, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму додаваат дека максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 28 до 37 Целзиусови степени, а УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје и околината слично време со температура до 35 Целзиусови степени.