Сончево со температура до 33 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево, со слаб до умерен јужен ветер. УВ-индексот ќе има вредност 6.

Минималната температура ќе се движи од 6 до 15 Целзиусови степени, а дневната од 26 до 33 степени.

Во Скопје и во околината ќе биде сончево со слаб до умерен југозападен ветер и со температурата до 32 Целзиусови степени.

Следува период на сончево време со свежи утра и со постепен пораст на дневната температура, така што за време на викендот температурниот максимум насекаде ќе биде над просекот за овој период од годината.

В понеделник ќе има зголемување на облачноста, а локален дожд и позначително опаѓање на температурата ќе има од вторник.