Сончево со температура до 27 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево, наутро свежо, преку денот потопло. Во текот на денот ќе дува слаб северозападен ветер.

Минималната температура ќе се движи од минус 1 до 7 Целзиусови степени, а дневната од 20 до 27 степени.

Во Скопје и во околината ќе биде сончево со температура од 4 до 24 Целзиусови степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст. В сабота повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура благо ќе опадне, но од недела повторно ќе биде во пораст. Во почетокот на наредната работна седмица се очекува и натпросечна дневна температура за овој период од годината.