Сончево и топло со температура до 34 степени

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло. Утринската температура ќе се движи од 6 до 17 Целзиусови степени, а дневната од 28 до 34 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 6.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, со слаб ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од 12 до 33 Целзиусови степени.

Од понеделник ќе има извесно зголемување на облачноста, а услови за слаб локален дожд и за позначително опаѓање на температурата се очекуваат од вторник.